Тричлениот бенд е формиран во Чаир, Скопје во јуни 2013та. Идејата позади бендот е невообичаена комбинација помеѓу две бас гитари и тапани кои ескалираат во микс на различни жанрови. После неколку промени, сегашниот состав го сочинуваат Ерик Омерагиќ и Филип Поповски на бас и Кристијан Новковски на тапани.