БОШ Фестивал – е мултимедијална платформа што ја слави креативната експресија во урбан контекст… Или со други зборови, БОШ претставува обид за естетизирана артикулација, но и за промислување на т.н. „додадена вредност“ на урбаната култура.
БОШ е процес на создавање на типично поинаков, извонреден и неконвенционален јавен простор… Простор што постојано се преразгледува низ урбаните уметности, или подобро речено, уметноста во урбан контекст… Простор што е уникатен и доволно опиплив, динамичен и пулсирачки, провокативен и/или контроверзен… Но, пред сè, отворен и достапен за сите!
БОШ е „инвазија врз духот“, акт на јасно обележување на културна и естетска „слободна територија“! БОШ е фузија и конфузија, колку што е и сензибилизација и вулгаризација! БОШ е поврзувачки простор, во потрага по сопствено време и потреби…
Затоа, ако се сметаш себеси за доволно слободен и креативен, но пред сè, широко отвореног срце, тогаш Гевгелија е вистинското место за тебе, од 29 до 30 август 2025 година.
Во текот на трите фестивалски денови (петок, сабота, недела), ќе има многу неконвенционални содржини (професионални и аматерски), како театар, музика, поезија, филмови и видео-арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни, како и неконвенционални уметнички настани. Сите настани се бесплатни…
Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛОТ се одржа во 2009 година, во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет Бошко Божаджиевски (1981–2008). Тоа е почит од неколку негови блиски пријатели.
