АРТ ЕКВИЛИБРИУМ ја афирмира определбата за динамичен и рамномерен, културно-уметнички развој, во урбан контекст.
Сметаме дека правото на квалитетна култура и уметност, е едно од фундаменталните права на секоја индивидуа, преку чијшто личен развој, се артикулира и севкупниот демократски, како и социо-економски развој на урбаната заедница.
Оттука, сензибилизирањето во однос на еден ‘поискрен’ и по многу нешта, поквалитетен креативен израз од оној на извулгаризираната тривијалност, е постојано актуелен приоритет… Затоа, разните форми на активизам на полето на културата и уметноста, уште на самиот почеток во 2009 година, се наметнаа како неодминлива карактеристика во нашето дејствување…
Определбите за остварување на поголемо ниво на достапност, а воедно и суштинска децентрализираност на културата и уметноста во Македонија во секоја смисла, претставуваат уште една појдовна точка, во активностите на организацијата. Ентузијазмот, посебно е сублимиран и во однос на заложбите за квалитативно унапредување на културната и уметничка понуда, пред сè, онаа на локално ниво…
Арт Еквилибриум се бави со продукција и издаваштво и соработува со разни колективи во областа на музиката, графиката и литературата…