Огромна благодарност за поддршката во изминатиов период! Вашата доблест е мотивација-плус, за целата екипа на БОШ ФЕСТИВАЛ.

Најискрено Ви благодариме и затоа што покажавте дека вон-институционалните иницијативи од областа на културата и уметноста, не би требало да се перцепираат единствено низ призмата на трошок, туку напротив, на една вистинска инвестиција и придобивка – знак и ниво на општествена одговорност, кон својата непосредна околина и заедница…

Ние продолжуваме и понатаму, во заложбата за создавање на еден подобар и поубав, животен простор. Простор, кадешто културата и уметността, ќе си го добијат своето заслужено место и израз. Простор, кој на сите нас доволно нѝ значи и нè поврзува…

Оттука, како луѓе сонувачи, но и посветени рационалисти, свесни сме дека нашите напори, во голема мерка зависат и од финансиските и материјални средства, кои ни стојат на располагање. Затоа апелираме до сите Вас добронамерници, да го поддржите БОШ Фестивалот финансиски и/или материјално*. Со тоа и Вие, конкретно, ќе се вклучите во предизвикот на креирање на една поразновидна, подинамична и подостапна – со други зборови – поразвиена и поквалитетна, културно-уметничка, ‘животна средина’.

Со должна почит,

АРТ ЕКВИЛИБРИУМ

АРТ ЕКВИЛИБРИУМ – Гевгелија / ART EQUILIBRIUM – Gevgelija, Macedonia
Ж. с-ка / Acc. Num.: 210-0649768301-90
(НЛБ Тутунска Банка АД Скопје / NLB Tutunska Banka AD Skopje, MK)

* Предмет на посебен договор