БОШ Фестивал 2018
БОШ 10 Фестивал од 24-26 август, Гевгелија.

Програма БОШ 10

24.08.2018, петок

16:00 „ Ако умрам ил загинам “ – Арт Брут Србија + Мултимедиа центар Гевгелија / работилница за перформативно цртање / Народен театар

Перформативно цртање на Горан Стојчетович од колективот Арт Брут и членовите на колективот Мултимедиа. Сите учесници со спонтани линии, чкрткање и пишување, со музика и неформална меѓусебна комуникација во текот на фестивалот ќе создаваат заеднички цртеж како хармонија на сите сличности и разлики во размислувањата, чувствата и личните ставови. Методот на “длабок цртеж“, кој Горан го дефинира во 2015 год. и кој го спроведува со тим стучни лекари во клиниката за психијатрија во Војно-медицинската академија во Белград, како и со луѓе на отворени работилници во Галеријата Ремонт во Белград, постигнува многу плоден ликовно-психолошки израз обединувајќи ја уметноста и психологијата на Балканот.
Мултимедиа центар Гевгелија е здружение формирано во 2007 година од творци од областа на ликовната дејност. Основна цел на здружението е развивање и унапредување на културно-уметничките дејности преку разни форми на дејствувања, како и подигање на свеста на пошироката јавност во однос на уметноста и интеркултурниот дијалог, со помош на огромната моќ на уметноста преку нејзините средства, ненасилно да ги менуваат нештата во нашето општество во позитивна насока. Активно учество во сите сфери од областа на културата и промоција на сите видови на интеракција без оглед на етнички, културни и други бариери.

19:00 „Фотокопирница на љубовта“ – групна изложба / Народен театар

По повод 10 години од своето постоење БОШ Фестивал поканува уметници од Македонија и регионот да направат визуелни дела инспирирани од негова песна со цел да ги соедини делата на уметниците во единствена целина и тема.

„Фотокопирница на љубовта

Фотокопирај го моето срце
Дикенсова блуднице
и направи ме двоен
во А4-формат“

Бошко Бозаџиевски

Уметници: Бруно Толич, Атанас Ботев, Кристијан Крстевски, Јана Јакимовска, Елизабета Линднер, Владимир Лукаш, Иван Ивановски, Тома Димовски, Горан Стоичетович, Миле Ничевски.

19:30 „Реколекции “ – Игор Тошевски (Македонија) / инсталациja / Народен театар

Поставката претставува своевиден пресек од досегашното творештво на авторот, вклучувајќи избор од неколку негови клучни проекти, како и серијата колажи Топологии (2018) кој за прв пат се изложува во Република Македонија. Централната тема се границите кои Тошевски ги подразбира како идеолошки конструкти. Линиите што означуваат одреден простор исчезнуваат, лесно се преместуваат и повторно се воспоставуваат, како впрочем и границите на нашата слобода на движење, творење и мислење. Затоа, можеби токму ова дело го сублимира животот на современиот човек во потрага по себе – идентитет спакуван во куфер, променлив, непостојан.

20:00 „Сито и бесно“ – Колектив Матријаршија (Србија) / изложба / Народен театар

Експериментите во сито техника носат траги од голем број уметници кои се собрани односно творат во рамки на Автономниот културен центар Матријаршија и Фијук мрежата. Експериментите се работат без класична припрема (во техничка смисла), без планирање преку методот на препечатување. Преку „непочитување“ на канонските постапки во оваа графичка техника, истите се соголуваат и стануваат очигледни. Секоја вака настаната графика ја прати извесно уживање кое потекнува од самосвеста за непочитувањето на графичките процедури. Сито експериментите не постојат без процесот на изведување, не постојат како неизведена слика. Тие се исклучителна материјална трага на постапување со слика, со композиција и боја. Планирањето на композицијата е моментално. Предвидливоста доколку е воопшто можна се случува помеѓу спуштањето на ситото, повлекување на бојата и подигнување на екранот. Затоа овие дела ги прати извесна бруталност и суровост, која од една страна се гледа во визуелниот ефект односно неможноста за едноставно раздвојување на сите нагомилани слоеви и нивните односи. Ректо на версо, горе на доле, потколеница на чело, јетра на глава, црно на бело, фрагмент на фрагмент. Експерименти настануваат со извесна доза на безоблазлук. Кога од сликата која настанува преку вклупување на слоеви, ќе и се одземе фрагмент, а истиот подоцна се вклупи со останати одземени фрагменти/целини, секој останува да ја довикува, но и одбива својата целина, пронаоѓајки нови комплементарности.
Без авторизација, без вистински авторски права, без прашања, без устројувања, без фини манири. И надобро од сè без автори. Дали се експериментите оној момент која занаетчијата станува уметник? Или тоа е зона каде што таквото прашање губи смисла? Овие дела својот јавен живот го започнуваат во музејот Halle Saint Piere во Париз 2017-та година .

20:00 „fake/fact – вистината во уметноста и литературата во време на fake news“ и посебен блок со песни од Бошко Бозаџиевски – SlovoKult:: literARTour:: СловоКулт:: литерАРТура:: / повеќејазичен мултимедијален книжевен настан

Гостување на интернационалниот фестивал за современа уметност и поезија/текст SlovoKult:: literARTour:: СловоКулт:: литерАРТура::
Гости: Силвија Штехер (Грац) и Ралф Б. Корте (Берлин) – писатели и уредници на списанието за современи текстови Perspektive од Грац, Австрија.
Илија Ѓуровиќ (Берлин/Подгорица) – поет, писател, драматург, уредник и ко-основач на издавачката куќа “Жута корњача” од Подгорица, Црна Гора
Елизабета Линднер Костадиновска (Берлин/Скопје) – поетеса, (мултимедијална) уметница, писателка, литературна преведувачка, главна и одговорна уредничка на СловоКулт:: Литератур/а, приредува книжевни изданија и организира културни проекти.
Томас Антонич (Виена) – поет, писател, публицист, доктор по книжевност и биограф на Волфганг Бауер, професор на Школата за поезија во Виена, музичар, перформер.
Силвија Лоренц (Берлин) – скулпторка, ликовна уметница, перформерка (Психотерапија)
Јамес Дин (Александар Јестровиќ, Берлин/Белград) – ликовен уметник, перформер (Психотерапија)
Како и македонски поети/поетеси:: Д.А. Лори, Александар Кирковски и други.

– Промоција на списанието за современ текст Perspektive (Грац/Берлин), најава на најновиот број што ќе излезе од печат во август.

21:30 Концерти – Народен театар

Ana Threat live (Австрија)
Ana Threat ви носи свет маѓепсан од звук на својствен, lo-fi garage, scifi disco trash. Звук за самотнички dance забави во вашата спална соба. Замотај се себеси и својот љубовник / љубовница во алиминиумска фолија, уклучете ја оваа плоча на вашата машина и почнете со извртувњата во безсјајните екстремности на единствената Ana Threat. Пријатна прошетка низ универзумот…

Д‘Далтонс live (Македонија)
Дефинитивно најдобриот rockabilly македонски бенд. Постојат од 1994, „1001ви“ е хит 96та, издаваат албум „De Luxe“ за Авалон продукција 2004, сега снимаат нова плоча ЕП. Членови: Дарко Кешкец – вокал, Виктор Гајтановски – гитара, Владимир Павловски –бас, Андреј Анастасов – тапани.

Dj сет –Dj Jahvo (Хрватска)
Гараж бит, синт панк, шлагери, беванду, р’н’б, егзотик, ска, и хип хоп..Впрочем очекувајте супер музиче исто како да сте на афтер во Мочвара во Загреб. Ова „ѓаволче“ доаѓа по втор пат во Гевгелија, овој пат директно од хрватските острови, и ќе ни донесе мирис на море и атмосфера на право летувалиште – флерт, ритам и слобода.

25.08.2018, сабота

11:00 „BOSH Rechargeable“ – Плажирање на Сифулајски острови

BOSH Rechargeable е точка-репетиција на секој БОШ. Toa е точка која се случува сама од себе со само мал физички напор за залет удолу кон планинската река Сифулајка.
Потребно за понесување со себе: Акумулирани замор и жештина за потопување во rechargeable студената вода и дух за дружба.
Потребно (незадолжително) за понесување со себе: Купачи костимчич, пешкир и тепалка за коњски муви.

17:00 „ Ако умрам ил загинам 2 “ – Арт Брут (Србија) + Мултимедиа центар (Македонија) / перформативно цртање

19:00 „fake/fact – вистината во уметноста и литературата во време на fake news“ – SlovoKult:: literARTour:: СловоКулт:: литерАРТура:: – групна изложба / Пионерски дом

Слики од берлинските уметници:: Катрин Салентин, Јамес Дин, Силвија Лоренц, Хана Хененкемпер, Елизабета Линднер Костадиновска и од Македонија: Дијана Томиќ Радевска, Ѓорѓе Јовановиќ, Касиопеја Наумоска, Владимир Лукаш, Дороти Пачкова, Кристијан Крстески, Моника Мотеска, Миро Масин и Тони Шулајковски.

19:30 „Абракадабра“ – Anna Ehrlemark (Шведска) / изложба – Градски амам

Ана Елемарк е стрип уметница, илустраторка и компјутерска лингвистка. Има објавувано свои дела низ Европа, особено во Хрватска , Словенија, Србија, Франција и Шведска. Колекцијата незијни стрипови “Winners” ја објави издавачката куќа Floating World Comics од Америка во 2015 година. Изложбата АБРАКАДАБРА претставува претставување на дела од сопствената колекција создадени од изминатите две години, но поврзани со зборовите кои се изговараат за да се повика доброто и да се отера злото. Верува во магијата на зборовите. Јазикот е конечен збир на правила со кои можеме да предизвикаме бесконечен низ на значења: Hokus pokus filijokus, ćiribu ćiriba, simsalabim, hax pax max deus adimax. Јазикот сè што е возможно, а тоа што нè го нема во јазикот. Магијата е можна, а јазикот е магичен затоа што е магијата е во јазикот, а јазикот во магијата.

20:30 Промоција на филмoви од македонски автори – Народен театар

Ќе дојдат децата“ – Ана Јакимска
Велика е млада учителка која е испратена да подучува деца во едно далечно планинско село. Како што минуваат деновите, од децата нема ни трага ни глас. Единствениот човек што го среќава во селото е една старица што работи во училиштето. Во селото, младата жена за првпат ќе биде соочена со суровоста на животот и ќе мора да најде начин да преживее.
Времетраење: 19’

Долорес“ – Радован Петровиќ
После една од нивните вообичаени авантури, еден пар ќе се најде заклуичен во тоалетот на Националната опера. Додека чекаат да се појави пријател со помош, тие се принудени да се соочат со проблемите што ги окупираат.
Времетраење: 13’16’’

Долу од рајот“ – Саша Станишиќ
Ана, 15 годишно девојче, ја заменува SIM картичката со таа на нејзиниот покоен дедо. Праќа пораки до нејзиното семејство, користејќи го неговиот број. Но, навидум безопасната шега ќе се сврти против Ана
Времетраење: 20’

Амби“– Марија Апчевска
Амби е филм кој ги прикажува најтемните ноќи но и силното сонце после истите. Филм за возрасниот човек во детето и детето во возрасните. Филм за зависноста и изневерената доверба, но и за вербата во хуманоста и љубовта која и покрај се, победува.
Времетраење: 18’16’’

21:30 Концерти – Народен театар

Iva & the Toy George live (Србија)
Iva & the Toy Georgeе е соло проект на Ива Станкович, музичар и продуцент од Рим, родена во Белград. Нејзиниот live-сет вклучува употреба на grooveboxes, синтисајзери, акустични и дигитални перкусии и разни вокални ефекти, создавајќи мешавина на звуци и жанрови кои се движат од електро, танц, панк, хип хоп и повеќе егзотични, балканси и арапски звуци. Ива пее на неколку јазици, понекогаш дури и ги измислува зборовите.

Straight Jackin live (Србија)
Straigjt Jackin е српска рапкор група основана 1994 година во Санкт Петерсбург. Во 1996 го издаваат првиот албум на касета, а во 1997 доживува реиздание на цд. Од тогаш се издадени уште два албуми и се работи на четвртиот. По повод 25 години од формирањето на бендот, Straight Jackin настапува во Гевгелија.

Dj сет – Denny Trajkov / Mosaik Kollektif
Еклектицизам е псевдонимот усвоен од Denny Trajkov, роден и израснат во Гевгелија. Музичката колекција на Denny е базирана врз трендовите кои се актуелни во последниве триесетина години. Неговиот богат опус и разноврсен вкус за електронска музика резултира со колоритни сетови, a секако, и прераскажувања на искуствата од многумина. Како дел од Mosaik Kollektif, Дени работи на повеќе студиски продукции, со изданија за Logos Recordings (Скопје, MK), Night Drive Music (DE), Roundabout Sounds (US), Quarter Notes (US). Mosaik Kollektif исто така организира и неколку проект-настани со артисти како Stojche, Lapien, Artefakt, Palms Trax, Shanti Celeste и Johannes Volk.

26.08.2018, недела

11:00 „BOSH Rechargeable 2“ – Плажирање на Сифулајски острови

18:00 „Шљап“ – колектив Ветерница /детска креативна работилница – Плато пред театар

Колективот Ветерница е колектив создаден со заедничка цел за поттикнување на личниот развој преку работа во група и користење на креативната енергија со употреба на техники од глума, музика, песна, физички и куклен театар.
Колективот Ветерница негува хоризонтален пристап, заедничка соработка и одговорност во споделување на знаења и идеи. Водени од потребата за постојано преиспитување на заедничките и личните вредности, веруваме дека уметноста е огледало на секојдневното живеење и основна алатка за спознавањето на себе си и околината.
Работилницата на БОШ фестивал ќе биде насочена кон преиспитување на солидарноста во една летна атмосфера на водени игри и забава. Што значи даде летен збор? Што значи да се биде пионер во ова време?

19:00 „ Ако умрам ил загинам “ – Арт Брут (Србија) + Мултимедиа центар (Македонија) / перформативна изложба / Народен театар

Насловот на перформансот „Ако умрам ил загинам“ говори за желбата да се стекне подобар увид и да се покрене процес за самоистражување на несвесното, потиснати психички мисли кај луѓето кои се притиснати во многу тензична друштвена политичка атмосфера. Што ќе биде ако…
Крајното дело создадено во текот на тридневната работилница под менторство на Горан Стојчетовиќ, а во соработка со членовите на МЦМГ ќе биде изложено во народниот театар, настојувајќи да инспирира и да ги зајакне своите корени како слободен ликовен израз и во Македонија придоа давајќи свој придонес за современата слика на балканскиот хомосапиенс.

20:30 „Џган“ – Вардан Тозија /долгометражен филм (Македонија) – Народен театар
Џган е филм во кој низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.
Времетраење: 100’

22:00 Концерти – Народен тетар

Moussaka live (Србија)
Moussaka е пикантна мешавина на калифорнсики сурф-рок звук и југословенси поп-фолк хитови од крајот на минатиот век. Настанува како спореден проект на двајца музичари од Белград – Петар Живич (Threesome) и Игор Митич (Teški Zulum), при што набрзо прераснува во бенд познат по своите енергични настапи.

Dj сет „Винил Фетиш “ – Мирко Попов (Македонија)
Одбрана музика со најдобар квалитет од колекцијата плочи што ја поседува, Мирко ќе ви пушта еклектична музика за џускање. Мирко Попов е еден од најпознатите македонски автори и продуценти и е еден од пионерите на електорнската музика во Македонија.

• Видео поддршка на фестивалот (Vj): Видео Подгорец