Cul-de-Sac e impro jazz експериментален состав, во кој од самите почетоци во 1986, свој придонес имаат повеќе музичари чиј интерес е за тоа како се креира музиката и самата потрага по музичките експресии. Музика, чии флоскули се импровизацијата и експресијата, потполната ослободеност од формата, а со сето тоа, и еден нов начин на истражување. Cul-de-Sac ќе кажат оти често лутаат со она што го прават, оти не знаат што прават, оти често нивните експерименти се патешествие, но понекогаш и нешто воопшто незанимливо. Но Дарко Рундек пак ќе каже оти на пробите и концертите со Cul-de-Sac, неговата музикалност се радува…